Денес, од Кејп Канаверал, НАСА го лансира роверот Упорност (Perseverance), познат и како Марс2020. Според планот роверот треба да слета на површината на Марс на 18 февруари 2021 година во кратерот Језеро.
Роверот Упорност е досега најнапредниот ровер којшто ќе се најде на Црвената планета. На неговиот развој се работи повеќе од една декада, а примарна цел на роверот е да бара знаци за постоењето древен микробен живот, да ја проучува геологијата и климата на црвената планета, да собира примероци од седиментните наслаги и да ги документира, како и, најбитното, да собере што е можно податоци коишто ќе ја олеснат мисијата којашто ќе донесе човек на Црвената Планета.
Заедно со себе, како придружник во истражувањата, роверот Упорност ќе го има мини-хеликоптерот именуван како Генијалност, којшто ќе биде прво летало кое ќе контролирано ќе крстосува низ атмосферата на Црвената Планета.
Лансирањето може да го проследите во живо на сајтот на НАСА