Рубрика: Омнибус
Sci-Tech времеплов 20/21.6.2020
Објавено на 21.06.2020 - 10:45

За да се разбере сегашноста и за да може да се прогнозира иднината, мора да се познава минатото. Во следните редови ги славиме родендените на англискиот биохемичар Сер Фредерик Г. Хопкинс, кој ги откри значењето на витамините за растот, и на Вилем Хендрик Кејсом, холандскиот физичар којшто прв успеа да добие цврст хелиум. Покрај ова го чествуваме Џек Килби, таткото на првото интегрирано коло, и го одбележуваме поставувањето на првиот комерцијален телефонски сервис во Северна Америка.

 

20.6. 2005 – Почина Џек Килби

Килби (Jack S. Kilby) е американски електроинженер и добитник на Нобеловата награда по физика во 2000 година. Тој се смета за таткото на интегрираното коло. До идејата за ова откритие дошол уште во 1958 година, кога работејќи на минијатуризација на електрични кола предлага составните компоненти на електриното коло да бидат изработени монолитно, односно од еден блок полуспроводничики материјал. До денеска, дизајнирани се голем број интергрирани кола, за кои интересен водич е достапен во претходните изданија на Емитер. Килби, покрај интегрираното коло, е иноватор на рачниот калкулатор и на термичниот печатач. (А. К.)

 

20.6.1861 – Роден е англискиот биохемичар Сер Фредерик Г. Хопкинс

Сер Фредерик Г. Хопкинс (Frederick G. Hopkins) ја добива Нобеловата награда во 1929 година за откривањето на значењето на витамините за растот. Неговите истражувања објавени во 1912 година покажуваат дека ниту една од дотогаш познатите состојки во храната (протеини, масти, јаглехидрати, минерали и вода), сама по себе не влијае врз растот на неговите експериментални глувци. Хопкинс се сомневал дека некои соедненија, присутни во мали количини, се најзаслужни за оваа физиолошка појава. Ова хипотеза, понатаму, помага за идентификување на витамините. Откритието на Хопкинс брзо ќе добие примена во прехранбената индустрија, каде што зачинувањето со витамини ќе стане практика за одредени видови храна кои се сиромашни со овие соединенија (на пример маргаринот). (А. К.)

 

    20.6.1877 – Бел го инсталирал првиот комерцијален телефонски сервис во Канада

На овој ден Александер Грахам Бел (Alexander Graham Bell) го инсталирал првиот комерцијален телефонски сервис во Хамилтон, Онтарио, Канада. Телефонот се засовал врз патентот на Бел добиен во 1876 година.

Хју Косарт Бејкер помладиот (Hugh Cossart Baker Jr.) дознал за изумот на Бел во 1876 година на Меѓународната изложба во Филаделфија и таму решил да ја тестира алатката за комуникација во Хамилтон. Изнајмил четири телефони за себе и за своите шаховски партнери и го заменил телеграфот со телефонот како средство за дискутирање на нивните шаховски потези. Потоа, во 1878 година, ја направил првата телефонска размена во Британската Империја. Ова била и втора телефонска размена во цела Северна Америка.

Во 1880 година, (на 29 април) Бејкер помладиот добил повелба за изградба на национална телефонска компанија во Хамилтон, Онтарио. Ја нарекол Телефонска Компанија Хамилтон (Hamilton Telephone Company) и ова овозможило создавање на телефонската компанија “Бел” (Bell Telephone Company) во Канада. Бејкер помладиот станал менаџер на одделот во Онтарио сè до неговото пензионирање во 1909 година. Првиот телефон му бил изнајмен на тогашниот премиер Александар Мекензи (Alexander Mackenzie ) во септември 1877 година. (Д. М.)

 

21.6.1876  – Роден е Вилем Хендрик Кејсом

Кејсом е холандски физичар познат по тоа што прв успеал да добие хелиум во тврда агрегатна состојба.

Со намалување на температурата хелиумот почнува да се однесува на чуден начин. Како и сите други елементи така и хелиум се претвора во течност на одредена температура, а за хелиумот оваа температура изнесува точно –269°C, односно 4,2 К (келвина). Еден друг холандски физичар, Хајке Камерлинг Онес ја измислил техниката за ладење неопходна за постигнување на неверојатно ниски температури и тој прв успеал да произведе течен хелиум . Тој ја отворил неговата лабораторија за криогеника и за други научници кои сакале да го истражуваат дејстовото на ниските температури. Неговата работа со ниски температури ќе му ја донесе Нобеловата награда за физика во 1913 година.

Кејсом ќе започне да работи во лабораторијата на Онес во Лајден и, на извесен начин, ја продолжил неговата работа обидувајќи се да достигне уште пониски температури, а со тоа и хелиум во цврста агрегатна состојба. За време на неговите опити, тој открил дека течниот хелиум претрпува изненадувачка промена на 2,17 К. Специфичната топлина на гасот почнува нагло да расте, а  густината да се намалува, а дел од вискозноста на течноста се спушта на нула. Оваа точка е позната како ламбда точка. Ова се должи на тоа што графикот што ги прикажува специфична топлината наспроти температура потсетува на буквата ламбда: λ. Течниот хелиум со нула вискозност е познат како “суперфлуид“.

Кеjсом се обидувал дополнително да ја намали температурата за да добие цврст хелиум, но ова не можел да го постигне при нормален атмосферски притисок. Тој морал да го заголеми притисокот врз течноста за 25 атмосфери за конечно да успее да добие цврст хелиум.

Како студент, Кејсом ја направил првата математичка презентација на дипол-дипол интеракциите меѓу молекулите. Овие интеракции се предизвикани од електростатското привлекување или одбивање помеѓу наелектризираните краеви на поларните молекули. Денес овие интеракции се среќаваат и под името Кејсомови интеракции. (Н. С.)

Клучни зборови:
Џек Килби – таткото на интегрираното коло

Џек Килби – таткото на интегрираното коло

Џек Килби

Џек Килби 

Сер Фредерик Г. Хопкинс

Сер Фредерик Г. Хопкинс

Сер Фредерик Г. Хопкинс

Сер Фредерик Г. Хопкинс

Александер Грахам Бел

Александер Грахам Бел

Хју Косарт Бејкер помладиот

Хју Косарт Бејкер помладиот

Вилем Хендрик Кејсом

Вилем Хендрик Кејсом

Вилем Хендрик Кејсом

Вилем Хендрик Кејсом