Рубрика: Информатика
Tргнете ги рекламите од YouTube во еден потег
Автор: Ива Зафировска
Објавено на 19.06.2020 - 13:15

Рекламите на YouTube мрежата сè повеќе нè гушат. Но, за среќа, овој трик сè уште функционира...

Ако сакате да гледате YouTube содржина без реклами, а не сте корисник на Huawei, кој користи YouTube Vanced (или некој друг телефон со таа апликација), тогаш ова е трик за вас.

Проблемот со овој трик е тоа што не знаеме колку долго ќе можете да го користите, но секако ќе ве запознаеме со него, додека работи. Корисниците на Reddit откриле дека ако по адресата YouTube.com и додатокот на постојаната адреса за кое било видео се стави само една точка, тогаш тоа видео ќе биде прикажано без реклама. Како тоа изгледа во пракса.

YouTube видео со реклама:

https://www.youtube.com/watch?v=kj2X4Tvz16Q

YouTube видео без реклама:

https://www.youtube.com./watch?v=kj2X4Tvz16Q

Немаме информација колку долго ќе им биде потребно на Google за да го отстранат овој едноставен трик, но кој сака може да го испроба и користи веднаш.

Не заборавајте дека со блокирањето на рекламите го укинувате паричниот надомест на авторите на видеосодржините, па размислете пред да го употребите овој трик. Или, ако сакате секогаш може да се претплатете на Youtube Premium, со којшто “за само 750ден месечно” ( :) ) го добивате Youtube без реклами и со премиум содржини достапни само за корисниците кои платиле. Ако пак имате Хуавеи уред, користете го YouTube Vanced, којшто е секогаш бесплатна алтернатива.

Клучни зборови: