Социјалната мрежа Facebook воведува нова опција под име Manage Activity, која им овозможува на корисниците да бришат стари постови.
Manage Activity може да се користи за бришење на некои постови или повеќе од нив истовремено, а од Facebook порачуваат дека ќе понудат и опција на филтрирање, која ќе го олесни пронаоѓањето на постови кои постојат од специфични луѓе или постови од одреден временски период. Опцијата првобитно ќе биде достапна на мобилната апликација.
Од Фејсбук порачуваат дека целта е “да му се олесни на корисникот да го прилагоди неговото Фејсбук присуство за повеќе да и прилега на личноста којашто тој денес ја претставува.”
На пример, некои корисници ќе посакаат да избришат некои од старите несериозни содржини кога ќе почнат да работат или пак, ќе изберат да немаат ништо на нивниот профил што би можело да ги потсетува на старата љубов.
Постојат различни опции за бришење на содржина од ѕидот, содржината може да се испрати во “канта”, односно да биде веднаш недостапна за јавноста, а засекогаш избришана по истекот на 30 дена. Рачно постовите можат да се избришат и порано. Постовите можат и да се архивираат, при што ќе бидат достапни само на корисникот на профилот.
Опцијата Manage Activity претставува втор обид на Фејсбук за овозможување поголема контрола на корисниците врз нивните податоци. Минатата година Фејсбук излезе со алатката Clear History којашто овозможува бришење на податоците од пребарувањата и двоење на профилните податоци од податоците од интернет пребарувањето.