Рубрика: Информатика
Вашето Селфи со маска и технологијата за препознавање лица
Автор: Ива Зафировска
Објавено на 26.05.2020 - 16:15

Токму во време кога веќе почнавме да се потпираме повеќе на технологијата за препознавање лица, којашто се користи и кај нашите паметни телефони меѓу другото, пандемијата од Ковид-19 го направи нужност носењето маски за лице.

Маските покриваат значителен дел од лицето коешто е потребно за правилно функционирање на технологијата за препознавање лице и за идентификација на луѓе. Па така, овие маски се претворија во закана за иднината на оваа индустрија која профитира од технологијата за препознавање на лица, сем ако истата технологија не се научи да ги препознае луѓето зад маските. За да се постигне тоа, на компаниите им се потребни фотографии на луѓе со маски за да ги подобрат своите алгоритми.

Во месец април, истражувачите на Github објавиле колекција од податоци со слики со маски, користејќи повеќе од 1200 собрани фотографии од Инстаграм. Еден месец претходно, истражувачите од Кина составиле податочна база со повеќе од 5000 фотографии од корисници со маска кои ги собрале на интернет. Компанијата WorkAround која во април ја објави споменатата податочна база и на GitHub користела своја вештачка интелегенција за скенирање на сликите и за правилно означување на фотографиите со или без маски. Директорката на компанијата рекол дека биле инспирирани од сите компании кои лансирале бесплатни алатки и сè што можеле за да помогнат. Имале јавно објавени слики од Инстаграм, така што не се работи за приватни слики. Пребарувале низ нив и ги добиле вистинските податоци.

Во врска со јавната база на податоци којашто ја користи компанијата, директорката Вафа Арбаш рекла дека фотографиите биле собрани од Инстаграм со пребарување низ хаштаговите поврзани со зборот маска/ маски. Тие собрале околу 3000 слики од платформата. Компанијата изјавила дека фотографиите од базата на податоци кои се користат за развој на технологијата за препознавање на лица биле јавни, и дека ако корисниците не сакале овие фотографии да бидат користени од трети лица, тогаш требале нивните профили да ги означат како приватни.

Повикувајќи се на Првиот амандман од американскиот Устав контроверзната компанијата Clearview AI, којашто развива технологија за препознавање лица, тврдела дека имала право да “ожнее” повеќе од 3 милијарди фотографии од социјалните мрежи, кои се користат во нивната база.

Некои компании кои се бават со оваа технологија побарале од своите вработени да им пратат “маскирани селфиња“, како и да додадат маски на фотографиите кои веќе ги имале. Дигиталното додавање маски врз претходно направени фотографии е еден од начините со кој Националниот институт за стандарди и технологии на САД планира да ги тестира алготимите за препознавање лица.

Клучни зборови: