Во текот на кризата со коронавирусот, бизнис мрежата LinkedIn во сопственост на Microsoft смислила како да им помогне на корисниците во потрага по работа.
Осмислиле технологија заснована на вештачка интелигенција, која ќе им помогне на лицата што бараат работа, особено во видеоинтервјуата, кои добија на важност во времето на епидемијата. Се тестира нова опција која се нарекува “видеопретставување“, која ќе помогне во меѓусебната комуникација меѓу работодавачот и потенцијалниот кандидат за работа.
Вештачката интелигенција помага за видеоинтервјуто да помине колку што може поуспешно, со можности како што се повратни информации за темпото на разговорот и совети за зборовите што треба да се избегнуваат.