Рубрика: Омнибус
Новинарска екипа од италијанскиот The Patent magazine ќе известува од ИНОВАМАК 2020
Автор: Редакција Емитер
Објавено на 08.05.2020 - 14:15

Националната асоцијација на пронаоѓачи на Македонија (NAIM) договори медиумско партнерство со италијанското списание The Patent magazine, специјализирано за следење на патенти, иновации и на нови технологии.

Ова интернационално списание е медиумски партнер и на IFIA – Светската федерација на асоцијации на пронаоѓачи. Четиричлена новинарска екипа од овој специјализиран светски магазин директно ќе го следи нашиот саем на иновации ИНОВАМАК 2020 што ќе се одржи од 8 до 10 септември 2020 година во Домот на АРМ во Скопје, со надеж дека дотогаш ќе биде решена ситуацијата со коронавирусот. The Patent magazine ќе има и свој штанд на ИНОВАМАК 2020. Учесниците на саемот ќе имаат можност директно на италијанските новинари лично да им ги претстават своите патенти, иновации и нови технологиии.

Со оваа соработка се зголемуваат можностите за поголема меѓународна афирмација на нашите пронаоѓачи и компании и на нивните патенти, иновации, и нови технологии. На нашите членови-пронаоѓачи и на компаниите кои го имаат статусот на “Членки – поддржувачи на NAIM“ ќе им биде овозможена директна комуникација со заинтересирани компании од целиот свет, преку страниците на списанието The Patent magazine.

Клучни зборови: