Рубрика: Омнибус
Sci-Tech времеплов 4.5.2020
Автор: Редакција Емитер
Објавено на 04.05.2020 - 20:45

За да се разбере сегашноста и за да може да се прогнозира иднината, мора да се познава минатото. Во следните редови ги одбележуваме настаните од науката и техниката што се случиле на денешен ден. Изборот на настаните и коментарите се на нашите стручни соработници.

 

4.5.1825 – Роден  Томас Хаксли

Томас Хенри Хаксли (Thomas Henry Huxley; 1825 — 1895) бил англиски зоолог, популаризатор на науката и заштитник на еволуционата теорија на Чарлс Дарвин. За своите жестоки полемики го добил прекарот “булдогот на Дарвин“. Бил член на Кралското друштво, а од 1883 до 1885 година и негов претседател. Во 1890 година е награден со почесниот Линеов медал запродолжување на линеовите традиции во современата биологија.

Неговите полиња на интерес биле поврзани со споредбената анатомија и можностите за нивна еволуциона интерпретација. Најдобро е познат по неговите дебати со Ричард Овен по прашањето за степенот на анатомска блискост на големите мајмуни и човекот. Томас Хаксли ја бранел независноста на професионалната наука, изградена врз принципите на материјализмот. За да го опише својот однос кон доминантното религиозно верување, тој го вовел поимот агностицизам. (Н. С.)

 

4.5.1904 – САД ја преземаат изградбата на Панамскиот Канал од Франција

Француските инженери ги започнаа работитe на ископот на овој воден пат помеѓу Атлантскиот и Тихиот Океан во 1881 година. Одлуката да се напушти овој проект Французите ја донесуваат откако при неговата изведба биле изгубени 22 000 животи, дел од болести, а дел како последица на несреќни случаи.

Изградбата на каналот е завршена 1914 година  а каналот е пуштен во употреба 1920 година.

Градењето на каналот е еден од најголемите и најтешки инженерски потфати во историјата. Неговото прокопување имало огромно влијание врз морепловството, кратејќи ја долгата и опасна рута меѓу двата океана.

Панамскиот Канал е долг од 81,6 km, длабок 12,5 m и широк 150 m. Секоја година низ каналот поминуваат околу 14.000 брода, носејќи повеќе од 205 милиони тони товар. (Н. С.)

 

4.5. секоја година – May the Forth Be with you wink

Секоја година милиони обожаватели на серијалот Војна на ѕвездите на 4 мај го одбележуваат овој ден како празник. Целото одбележување на овој ден се должи на парафразата на легендарниот поздрав од овој научнофантастичен серијал “May the Force be with you” (Нека ве следи Силата) којашто фановите ја преправија во “May the Forth be with you” што на англиски е звучи мноооогу блиску, речиси исто.

Денот за првпат официјално е одбележан во 2011 година во Торонто. Одбележувањето вклучува квизови за интересни детали во врска со оригиналната филмска трилогија, натправар за најдобар костум, ревија на куси омаж филмови изработени од обожавателите, пародии, ремиксови... (Н. С.)

Клучни зборови:
Томас Хенри Хаксли

Томас Хенри Хаксли

Томас Хенри Хаксли

Томас Хенри Хаксли

Една од портите на Панамскиот Канал

Една од портите на Панамскиот Канал

Рутата на Панамскиот Канал

Рутата на Панамскиот Канал

Транспортен брод на минување низ каналот

Транспортен брод на минување низ каналот

4 мај – Ден за Војна на ѕвездите

4 мај – Ден за Војна на ѕвездите

Силата нека те следи

Силата нека те следи

Четвртиот нека те следи

Четвртиот нека те следи :)