Рубрика: Омнибус
Sci-Tech времеплов 29.4.2020
Автор: Редакција Емитер
Објавено на 29.04.2020 - 23:15

За да се разбере сегашноста и за да може да се прогнозира иднината, мора да се познава минатото. Во следните редови ги одбележуваме настаните од науката и техниката што се случиле на денешен ден. Изборот на настаните и коментарите се на нашите стручни соработници.

 

29.4.2008 – Починал Алберт Хофман, швајцарски хемичар, изумител на LSD

Алберт Хофман е швајцарски научник што прв го синтетизирал гуталот и ги објавил психоделичните својства (дејствија) на лизагричната киселина, позната како LSD, или синтетска дрога. Роден е на 11 јануари 1906 година во Баден (Швајцарија). Бил извонреден студент, кому заради малите приходи на татко му, школувањето му го овозможил нивниот кум. Во 1929 година се здобил со диплома за хемиските науки. Посебен интерес покажувал за хемијата на билките и животните за кои спровел многу важни и обемни истражувања, со кои и докторирал. Во Базел, во Сандос лабораторијата на познатата фармацевтска компанија Новариста заедно со соработникот професор Артур Стол го започнал проучувањето на лековитите билки од фамилијата на печурки, како програма на прочистување и синтетизирање на активните состојки во нивниот состав со цел да се користат како лекови. Неговиот главен придонес бил откривањето на хемиската структура на заедничкото јадро Scilla glikozida (активна главица на медитеранската лигна), при што за првпат ја синтетизирал LSD на 16 ноември 1938 година. Случајно или намерно ја пробал и така ги открил психоделичните својства на оваа супстанција добиена со намера да биде лек, но намерно или не, станала првата синтетска дрога во светот. Останатото е историја. (Т. С.)

 

29.4. 1854 – Роден е Анри Поанкаре

Жил Анри Поанкаре (Jules Henri Poincaré) е француски математичар, физичар, инжинер, и филизов на науката. Честопати е опишуван како полимат, а во математиката од Ерик Темпл Бел бил наречен како “Последниот унверзалист”, бидејќи бил одличен во сите полиња на дисциплината таква каква што постоела во неговото време.

Како математичар и физичар, дал огромен придонес во основите на применетата математика, математичката физика, и небесната механика. Познат е по Поанкареовата претпоставка, која беше еден од најпознатите нерешени проблеми во математиката сè до 2002-2003 година. Поанкаре се смета и за еден од зачетниците на топологијата и предвесник  на теоријата на хаосот, а е и прв кој ги презентирал Лоренцовите трансформации во нивната современа симетрична форма. Тој ги открил последните релативни трансформации кои се однесуваат на брзината и ги запишал во неговото писмото до холандскиот физичар Хендрик Лоренц во 1905 година. Со тоа добил совршена инварианса на сите Максвелови равенки, што било важен чекор кон формулирањето на теоријата за специјална релативност.

Поанкареовата група, која се користи во физиката и математиката, е именувана според него. (Н. С.)

 

29.4.1997 – Првата заедничка американско-руска вселенска прошетка

Петчасовната вселенска прошетка беше прва прошетка што еден американски астронаут ја презел од руско вселенско летало. При оваа прошетка, преземена на руската вселенска станица МИР, американскиот астронаут Џери Линенгер и неговиот руски колега, космонаутот Василиј Цибилјев, инсталираа нова опрема на надворешниот дел од вселенската станица а истовремено изведоа и низа други активности.  (Н. С.)

Првата руско-американска вселенска прошетка снимена со камера од внатрешноста на вселенската станица Мир
Клучни зборови:
Алберт Хофман

Алберт Хофман

Анри Поанкаре

Анри Поанкаре

Анри Поанкаре во неговата библиотека

Анри Поанкаре во неговата библиотека

Првата руско-американска вселенска прошетка

Првата руско-американска вселенска прошетка

Линенгер и Цибелјев за време на историската вселенска прошетка

Линенгер и Цибелјев за време на историската вселенска прошетка 

Линенгер и Цибелјев за време на историската вселенска прошетка

Линенгер и Цибелјев за време на историската вселенска прошетка