Рубрика: Информатика
Останете конектирани и безбедни со Kaspersky Endpoint Security for Business
Автор: Јулијана Дамјановска
Објавено на 02.04.2020 - 11:30

Независно дали во овие услови на пандемија на Covid 19 работите од канцеларија или од дома, денес, повеќе од кога било ви е потребно да останете конектирани и безбедни.

Благодарение на моќта на cloud решенијата, во современиот свет сè е поврзано – од каде било имате овозможен брз пристап до сè што ви е потребно. Но, од друга страна, доволен е само еден удар за кибер-криминалците да навлезат во вашиот бизнис и да го уништат.

Kaspersky Endpoint Security for Business обезбедува целосна заштита на вашиот бизнис, со проширена заштита од софтверски експлоати, ransomware и други напредни закани, нудејќи сè во едно, интегрирано решение. Tехнологиите за вештачка интелигенција се поткрепени со повеќе од 20-годишна човечка анализа и експертиза, придобивки од уделот на Kaspersky во откривањето и во анализирањето на некои од најкомплексните релевантни закани во светот. Комбинацијата на технологии од човечка експертиза и вештачка интелигенција им помага на бизнисите од сите големини ефективно да се соочат со вистинските кибер-напади, обезбедувајќи оптимално откривање и идентификација на напредните закани.
Но не мора да се потпрете само на нашата препорака; според истражувањата на Gartner Peer Insights од 2018 година, веќе втора година по ред, клиентите го рангираат Kaspersky меѓу најдобрите софтвери за заштита на крајните точки! Касперски не само што е најнаградувана инстант-заштита за крајните точки и за мобилните уреди, туку е приспособeна на потребите вашиот ИТ-тим, вашиот буџет и барањата за совршенство.

 

Проверете ги овие информации и подигнете ја на повисоко ниво вашата кибер-безбедност!

Нарачајте го Kaspersky Endpoint Security for Business, отсега по цена од само 100 денари + ДДВ месечно! (info@kabtel.mk, 02/3103 230)

 

Овозможете непречен континиутет на вашиот бизнис, дури и во екстремни услови! Зашто поимот работа е глагол, а не прилог за место!

 

--- комерцијален напис ---

Клучни зборови: