За подемот и падот на болестите во зависност од годишните времиња и што ова може да значи за коронавирусот
Веќе илјадници години научниците и лекарите забележуваат дека заболувањата од некои болести, како што се детската парализа и грипот, покажуваат нагорна или надолна линија со промената на годишните времиња. Зошто ова се случува?
Тековните истражувања спроведени кај животни и луѓе укажуваат на повеќе различни причини за оваа појава, вклучително и промени во животната средина (како pH, температура и влажност), па дури и сезонски и дневни промени во имунолошкиот систем на луѓето. Откритијата на ова поле во иднина може да придонесат за минимизирање на ширењето при појавата на зарази и епидемии од заразни болести, како што е тековната пандемија од Ковид-19.
* За тие што не го владеат англискиот јазик, каналот нуди опција за автоматски, машински превод на видеото. Процедурата за вклучување е следна – кликнете врз иконата Settings, запченикот во долниот десен агол, и изберете ја опцијата Subtitles/CC. По ова изберете Auto-translate и од листата со понудени јазици изберете Macedonian.
извор: Science