Рубрика: Информатика
Коронавирусот ја сруши вредноста на Биткоинот
Автор: Ива Зафировска
Објавено на 13.03.2020 - 18:00

Пред точно еден месец коронавирусот започна како епидемија којашто ја зафати најнапред Република Кина, а подоцна се прошири и на други земји. Состојбата сè уште не нè засегаше нас директно, но луѓето кои вложувале во биткоини почнаа да бараат сигурност во време на економска неизвесност. Побарувачката за најпопуларна криптовалута порасна во прв момент порасна, па и нејзината цена подолго време надминуваше 10 000 долари.

Но, со прогласувањето на пандемија и со сè посериозните последици врз индустријата низ светот, предизвикани од ширењето на коронавирусот, реагираше и пазарот на акции, па и криптовалутите низ светот. Се покажа дека биткоинот и другите криптовалути сепак не се толку сигурен имот во време на можна рецесија, па се започна со голема распродажба.

Цената за само еден ден паднала за преку 30%, па така во моментов, додека го пишувам овој текст, еден биткоин чини едвам нешто повеќе од 5 200 долари.

Овој пат како главна причина за падот на вредноста на биткоинот е назначен коронавирусот. Се чини дека во овие кризни моменти, кога и другите недигитални “богатства” губат на цена, вложувачите веќе не го сметаат биткоинот за “сигурна работа”

Клучни зборови: