Мајкрософт ќе воведе нова функција во Windows 10 која потекнува од времето на Windows 95. Овојпат тоа се работи за апликацијата Image Resizer, којашто е во основа нова верзија на алатката за менување на големината на сликите, којашто се наоѓаше во PowerToys.
Image Resizer овозможува брзо и едноставно да ги промените големините на една или повеќе фотографии врз основа на предефинирани опции. Оваа нова апликација Мајкрософт сè уште ја развива и не објавил кога ќе ја лансира. Со неа се очекува да пристигне и новата верзија на другите алатки од PowerToys, вклучувајќи и поедноставно користење на екранот “Нагодувања”.
Според Мајкрософт, PowerToys постои поради две причини. Корисниците сакаат да добијат поголема ефикасност од Windows 10 и да ја прилагодат на нивните индивидуални работни текови. Апликацијата овозможува поголема насоченост за сценарија со брзи итерации, нешто како безброј мали алатки напишани од инженерите во Мајкрософт за да го направат целиот систем попродуктивен.
Современата верзија на PowerToys е специјално насочена кон Windows 10, и работи на сите верзии од овој оперативен систем, вклучувајќи ја и претстојната верзија којашто треба да се појави оваа пролет, со кодно име верзија 2004.
Во моментов PowerToys е апликација со отворен извор и нејзиниот код е достапен на GitHub, каде девелоперите може заднички да додаваат нови алатки коишто на крај ќе бидат користени од милиони крајни корисници на Windows 10.