По примерот на Snapchat, Instagram, Facebook и други слични социјални мрежи, и Twitter одлучи да експериментира со опцијата “stories”. Кејвон Бeјкпор, одговорен за развој на производ во Твитер и соосновач на Перископ, ја најави опцијата и постави слики објаснувајќи како таа ќе изгледа. Како и кај другите социјални мрежи, објавите постирани на овој начин ќе можат да содржат текст, видео, фотографија или GIF анимации, ќе се прикажуваат во посебен дел, на врвот од корисчникиот интерфејс, и ќе се губат за 24 часа.
Twitter своите “stories” ги нарекува Fleets. На нив нема да биде можно јавно да се одговара, лајкува или ретвитува. Другите твитераши ќе можат на Fleets авторот да му пратат одговор единствено по пат на приватна порака. Првиот тест на оваа опција започнал пред два дена на подрачјето на Бразил, но корисниците не се воодушевени.
Слично како кај “stories”, на Fleets ќе може да се пристапи само со допирање на аватарот на корисникот. Fleets нема да се појават во редовниот тајмлајн, така што не би требало да ги “реметат” луѓето кои не сакаат содржини од типот на приказна.
Многумина не се согласуваат со воведувањето на овој додаток, тврдејќи дека тој ќе го претвори Twitter во Instagram. За незадоволството на корисниците зборува и фактот што по најавениот тест како топ трендинг тема на Twitter, на глобално ниво, се појави хаштагот #RIPTwitter.
Одговорните од Твитер сметаат дека новата опција ќе им овозможи на младите корисници полесно да ги споделат своите мисли, без страв дека притоа ќе бидат “затрупани” со негативни реакции и повратни информации.