Facebook Messenger станува уште поедноставен со отстранувањето на табулаторот Discover, што беше обид на оваа социјална мрежа да ја инјектира својата chatbot платформа во апликацијата за приватни пораки. Промената за прв пат беше најавена во август минатата година, а според TechCrunch префрлањето треба да започне веќе оваа недела.
Ботовите за разговори беа клучни за стратегијата на Фејсбук Месинџер (Facebook Messenger) пред три години. Сега, тие се скриени од прегледот во апликацијата, заедно со игрите и бизнис сметките. Фејсбук Месинџер го отстранува и табот Discover, фокусирајќи се на брзината и на едноставноста.
Извршниот директор на Фејсбук, Марк Цукерберг, најави дека новата верзија на Месинџер најнапред ќе ја видат корисниците на iOS. Апликацијата е направена покомпактна – треба да зафаќа само една четвртина од големината на претходната датотеката, но затоа е двојно побрза. Ова ќе го направи ФБ месинџер подостапен и корисен и за телефони со мал простор за складирање, а ќе може да работи непречено и во услови на бавни мрежи. Накратко – секој може да го користи.
“Го намаливме основниот код на Месинџер за 84 проценти – од 1,7+ милиони линии код на 360 000 кодни линии“, пишува компанијата за оваа нова верзија на Проектот LightSpeed.
Измените се дел од поголемиот редизајн на Месинџер, кој го пренасочува табот People околу Stories, бидејќи Фејсбук продолжува да се обидува да доминира во формат на социјални медиуми што го копираше од Snapchat. Во табулаторот People сега се поставува стандарден табулатор со приказни на пријатели, прикажан на цел екран, и треба да го изберете табулаторот Active за да видите кои од пријателите се онлајн.
Како што напоменавме, чет-ботовите, деловните активности и игрите ќе бидат сокриени, но ова не значи и дека ќе бидат целосно отстранети од Messenger. Тие сè уште ќе бидат достапни доколку корисниците намерно ги бараат преку лентата за пребарување на Messenger, страниците и рекламите на Facebook, копчињата за започнување разговори на веб-страниците на деловните активности и m.me URL што го создаваат QR кодовите што се отвораат за деловни сметки во Messenger.