Рубрика: Омнибус
Sci-Tech времеплов 21 февруари 2020
Автор: Редакција Емитер
Објавено на 21.02.2020 - 11:45

За да се разбере сегашноста и за да може да се прогнозира иднината, мора да се познава минатото. Во следните редови ги одбележуваме настаните од науката и техниката што се случиле на денешен ден. Изборот на настаните и коментарите се на нашите стручни соработници.

 

21.2.1953 – Откриена е хемиската структурата на молекулата на ДНК

Хемиската структурата на молекулата на ДНК (Дезоксирибонуклеинска киселина) ја откриле американскиот молекуларен биолог и генетичар, Џејмс Д. Вотсон, и Франсис Крик (James D Watson и Francis Crick). Вотсон и Крик на 21 февруари 1953 година го објавуваат научниот труд во кој го предлагаат моделот за структурата на ДНК.

Молекулата на ДНК има форма на двојна спирала, во која е “запишан“ генетски код којшто ги содржи сите информации за синтеза на протеините кои влегуваат во составот на сите поединечни клетки кај сите познати живи организми.

Во 1962 година Вотсон и Крик, заедно со Морис Вилкинс (Maurice Wilkins), ја добиваат Нобеловата награда за медицина, како што се наведува “за нивните откритија кои се однесуваат на молекуларната структура на нуклеинските киселини и нивното значење во пренесувањето на информациите во живиот свет“. (П. Л./ Т. С.)

 

21. 11. 1878  – Издаден е првиот телефонски именик

Првиот  телефонски именик  е издаден во Хевен, Конектикат,од страна на телефонската компанија Haveу. Именикот содржи сè на сè дваесет и едно име. Веројатно денес имате најмалку петпати повеќе имиња во вашиот мобилен телефон! (И. З.)

 

21.2.2001 – Apple го објави својот iMac Special Edition

На Macworld Expo во Токио, Јапонија, Apple Computers  го претстави iMac Special Edition. Понудата се состоела во неколку модели Flower Power, Dalmatian Blue и  Graphite designs. Ова специјално издание ќе биде достапно само 1 година поради брзиот развој на технологијата на чипови. “iMac еволуираше во центар за забава, каде што можете да креирате десктоп филмови, да управувате со вашата дигитална музичка библиотека и да направите  ЦД-а со избрана музика”, изјавил Стив Џобс, извршниот директор на Apple. "iMovie и iTunes се толку лесни за учење и употреба што дури и вашите родители можат да ги користат без да се збунуваат“.

Специјалното издание на iMac имаше PowerPC G3 процесор на 500 MHz или 600 MHz, 64 или 128 MB RAM меморија, кеш меморијата од 256 kB ниво 2, CD-RW модул и 15-инчен монитор. Цената по којашто се продаваше се движеше од 1199 до 1499 американски долари. (И. З.)

Клучни зборови: