Заврши осмиот по ред Глобал Гејмџем и во Битола. Оваа година имаше многу повеќе луѓе отколку што планиравме. Имавме над 70 учесници (точен број ќе објавиме деновиве), 17 тимови кои направија 17 игри во прототип, најмладиот учесник имаше 9 години, најстариот 46 - не ни стигна никој оброк, сите пијалоци беа облитерирани по кратка постапка!! Имаше работа, расправии, помош, истурени кафиња, лутење, помирување, муабети за доцна навечер и многу нови работи се научија.
Еве ги резултатите од презентациите и гласањето:
1. (ПОБЕДНИЦИ) Б-13 (87 гласови) – тим ученици од гимназијата “Јосип Броз Тито“ - Битола што направија текстуална авантура со локален, Битолски шмек.
2. ПАЈЧИЊА (83 гласови) - тим составен од 3 ветерани на Гејмџем кои веќе професионално работат. Направија интересна игра за двајца играчи кои се трудат да си го поправат пријателството во Unity.
3. СОБА 208 (64 гласови) - уште еден тим составен од ветерани на Гејмџем, но и млади дечки-почетници. Тие направија интересна игра за двајца играчи во Unreal со комплетно авторска графика.
4. БИТСОКС (23 гласови) - овој тим беше приказната на овој Гејмџем. Прв пат доаѓаат на гејмџем, имаат многу малку искуство во правење игри, но сепак прават многу нови познанства и успеваат да направат интересна игра.
5. GAMELAB (21 глас) - ова е тим средношколци кои често доаѓаат на гејмџем, Играта им беше многу интересна, развиена во Construct 2 последниот ден откако им се корумпира снимената верзија што ја работеа во Unity претходно.
6. GREEN LEAF, ДРОНОВИТЕ НА ФИЛИП (19 гласови) Green Leaf ни се нови учесници кои успеаја да направат интересна игра во Unreal, додека Дроновите на Филип имаа интересна игра направена во Scratch.
7. КАШКАВАЛО ОД ТИНЕКС (18 гласови) Ова е една група млади ветерани од 12-13 годинии кои во минатото имаат освоено медали на гејмџем. Овојпат имаа направено интересна RPG-lite игра во Scratch.
8. LEO420 (15 гласови) Група од талентирани млади дечиња, заедно со ветерани на гејмџем направија смешна пародија на игрите со пукање, каде што мораш да ја поправаш играта додека ја играш со програмирање!!
9. DEATHTOLL, LONELY PIXEL, ЧЕТИРИ (14 гласови) Три различни игри од три различни тимови претежно составени од нови учесници на гејмџем. Направија визуелна новела, интересна FPS игра и 2D платформер и го делат деветото место со по 14 гласови.
10. DME (12 гласови) симпатична група девојчиња што успеаја да направат игра што изгледа многу интересно и невообичаено.
11. CORONA (9 гласови) Огромен тим на средношколци кои беа за прв пат на гејмџем, но успеај да направат интересна 2D игра каде се собираат делови за да се поправи еден телевизор.
12. ТЕХНИЧКО ГЕНГ (7 гласови) Уште една група девојки од средно школо кои дојдоа без претходно искуство за прв пат на Гејмџем и со помош на другите учесници успеаја да направат една проста игра во Scratch.
13. IDIOTS WHO DON'T KNOW WHAT THEY ARE DOING (5 гласови) Ова беше една одлична група млади дечки кои направија неверојатно детална игра во Scratch, но за жал имаа лоша презентација и затоа се најдоа со незаслужено низок пласман.
14. COALA CUBE (3 гласови) Група средношколци кои за прв пат доаѓаат на гејмџем, и иако немаа никакво искуство сепак успеаја да направат интересна 2D игра во која делови на вселенски брод се туркаат низ нивото во стил на играта SOKOBAN. Иако не освоија многу гласови сепак рекоа дека многу научиле и добро си поминале.
Се надеваме дека сите ќе ги аплоадираат игрите на веб сајтот на Гејмџем и ќе имате прилика да ги пробате. Што се однесува од нас, локалната организација на Гејмџем во Битола - би сакале да им се заблагодариме на сите што дојдоа и што не изненадија со нивната бројност и интерес.
Се гледаме следната година, со уште повеќе посетеност!