Денеска е 134-ти роденден на автомобилот. На денешен ден во далечната 1886 година е поднесено барање за патентна заштита од Карл Бенц за неговиот пронајдок – автомобилот и овој настан е усвоен како официјален роденден на автомобилот. Заведен е во патентните книги под број DRP 37 435.
По неколку месеци истата година еден друг автомобилски и инженерски великан, земјак на Бенц, Готлиб Дајмлер го изработи првиот автомобил во светот. Тоа била најлкусузната кочија на тие простори во тоа време, но опремена со мотор со внатрешно согорување, систем за управување и систем за кочење. Овие двајца великани иако живееле и работеле во соседни германски градови, меѓу себе се немале сретнато и запознаено. Подоцна, нивните фирми се здружуваат во една, која и денес е автомобилски светски гигант и е позната под името Мерцедес – Бенц.
На сликите е претставена патентната документација на Карл Бенц и неговата триколка, т.е. реалната верзија од патентната пријава кои некои го сметаат за прв произведен автомобил, иако се има појавено по моторната кочија на Дајмлер.