Имам еден интересен проблем, а знаејќи дека разговарам со аудиофили се надевам дека ќе мо­жете да ми помогнете :)

Неодамна го надградив до­маш­­ното кино со AVR ресивер на ARCAM, модел AVR550, напојуван од масивен тороиден трансформатор. Од пред неколку дена почна да се појавува механички брум од транс­форматорот. Почнав да истра­жу­вам околу темата, направив пре­порачан troubleshooting и с# наве­дува на тоа дека постои DC-Offset во мрежата за напојување (230 Vac). Веднаш барав каде може да се купи DC trap (blocker), но очигледно про­из­водителите знаат која е нивната целна група и забегуваат со цени :) – најевтината понуда почнува од 400 евра па нагоре. Интересно е што неколку сајтови водени од ен­тузијасти нудат DIY решенија, а ис­тото го гледаат како можност да заработат нешто со тоа. Еден од нив е од Шведска и нуди готови печатени плочки со и без ком­по­ненти: https://sjostromaudio.net/cart/en/mains-circuits/62-dct03-dc-filter-for-...

Ме интересира кое е вашето мислење околу квалитетот на ре­ше­нието погоре? што би се додало или одземало за да се добие ре­зултат како оној од познати брен­дови кои работат со дополнителни безбедносни европски стандарди и наплаќаат големи пари за тоа? Или со други зборови, дали вреди да инвестирам време и пари во DIY (направи сам) проект ако ква­ли­тетот на скапите брендирани реше­нија не може да се постигне со са­мо­градба?

Фала однапред,

Дејан Панов

 

Прво треба да се провери дали DC офсетот во мрежата навистина е проблемот. Ако DC офсетот пос­тои, тогаш решението е едноставно и релативно евтино – шемата и вред­ностите се дадени на Сликата 8 на следниот линк:

https://sound-au.com/articles/xfmr-dc.htm

Препорачувам да се прочита целиот текст од линкот – Род Елиот е експерт со светско реноме.

Владимир Филевски