Падна тешко обложување меѓу мене и еден мој пријател за тоа што е клучот на EGR вентилот кај со­времените мотори. Само ЕМИТЕР може да ја спаси ситуацијата и за­тоа ве молиме за одговор.

Голем поздрав,

Горан Марковски

и Љубиша Крстевски

 

Клучот е во значителното при­суство на вода (H2O) во продуктите (гасовите) од согорувањето во мо­торите СВС. Имено, при идеалното согорување (интензивна окси­да­ција) продукти од согорувањето се топлина, јаглероден диоксид и вода (во испарена состојба). Е токму водата е “она главното” во нашиов случај затоа што и покрај фактот што таа се наоѓа во гасовита (ис­парена) состојба, продолжува да ја прима топлината од околината и оди кон состојба на прегреаност. Водата има многу голема специ­фична топлина (тоа практично зна­чи дека таа ја “пие” топлината) и ако дел од тие гасови ги вратиме повторно во комората за сого­ру­вање, водата што се наоѓа во тие гасови ја намалува температурата на истурените појаси кои се со ви­сока температура (реално, тоа се шпицови од топлина или многу вре­ли појаси од гас), а со тоа се нама­лува создавањето на многу отров­ните и опасни азотни оксиди, кои се создаваат во услови на високи тем­ператури од останатите продукти од реалното согорување во ком­пресиониот простор. При ова, мо­тор­от е еколошки прифатлив (т.е. поминува на технички преглед).

Томе Скендеровски