Скопското Астрономско Друштво во четврток, 10 октомври, во 20 часот го започнува веќе редовниот есенски циклус на популарни предавања од областа на астрономијата.
Сосема пригодно за годината во којашто се навршуваат 50 години од стапнувањето на првите луѓе на Месечината, од САД се решија есенскиот циклус предавања да го започнат со возбудливата тема за почетоците на вселенската програма, мотивот и развој на програмата Аполо.
Во првото предавање ќе стане збор за тоа како еден мал чекор може да предизвика многу за растот на цивилизацијата, зошто веќе 40 години нема нови човечки стапки на Месечината, како и за перспективите и плановите за иднината.
Како и вообичаено досега, предавањата ќе се одржуваат во амфитеатарот при Факултетот за електротехника и информациски технологии. Цената на билетите за посета на предавањата е исто така популарна, 100 денари од предавање, а за членовите на Скопско Астрономско Друштво и за студентите од ФЕИТ, Машински факултет и ФИНКИ – Скопје влезот ќе чини 50 денари, при што посетителот треба да покаже членска карта или индекс.
Билетите се купуваат пред почетокот на предавањето, на влезот на амфитеатарот и не е потребна претходна најава.
Повеќе информации на страницата на настанот (тука) или на страницата на Скопското Астрономско Друштво (тука)