На 29 јуни, во саботата во Битола и на 1 јули во Скопје, се одржаа отворени денови на воената вежба именувана како Одлучен удар. Присутните високи личости, но и голем број граѓани имаа можност да проследат повеќе активности – демонстрација на боречки вештини, извлекување со хеликоптер со техниката “грозд”, алпинистички вештини во услови на евакуација на повредени цивили од висококатница во изведба на припадниците на полкот за специјални операции, прелет на хеликоптери.
Во одделот индивидуална опрема беа претстставени примероци од основно пешадисјко вооружување . Како припадник на некогашната ЈНА (југословенска народна армија) во родот пешадија, а подоцна и член на територијалната одбрана (ТО), со голем инетерес ги посетив штандовите. За почеток се запознав со неколку типови на пиштоли од Чешко производство Зброевка, разни калибри и конструкции, светски познатата пушка АК-47 “Калашников” , односно јигословенската варијанта на ова оружје автоматската пушка М-70 со калибар 7,62 мм. Потоа тука можеа да се видат и aмериканската автоматска пушка со мал калибар М4, снајперската пушка од југословенско производство М-76 со калибар 7,92mm, којашто постигнува добри резултати до 1000 метри, а е особено прецизна и сигурна до 800 метри. Секако оваа пушка е мошне модифицирана за користење со разни оптички уреди. Особено внимание привлече далекустрелната снајперска пушка М-93, наменета за елиминирање на живи цели, оклопни возила, но и воздухоплови, со калибар 12,7мм. Одлични резултати постигнува на растојание до 1800 метра, а при делување на цели во воздух и на возила, опсегот на ефикасно делување е до 800 метра. Автоматскиот фрлач на гранати модел М-93, со калибар од 50mm, е особено ефикасно оружје. Има домет до 1700 метри и капацитет од 30 гранати во реденик.
Од посебната воена опрема беа претставени опремата за алпинизам и за нуркање на припадниците на специјалните единици на армијата на Македонија. Притоа беше направена и мала демонстрација на употребата на алпинистичката опрема во сценарио со спасување на повредени во разни вонредни систојби.
Воените сили на САД се претставија со специјалното самоодно возило од типот М1126, Stryeker Infantrui carrier Vihaikle (ICV), со следно вооружување: 50 mm митралез, МК19 фрлач на гранати и фрлач на чадни бомби, а тука беше и воената верзија на познатото возило од типот Хамер, какво што поседува и нашата армија.
Значајно место зазеде специјалното возило за превоз на воена сила и воена техника со 3 оски и погон на сите тркала, со невообичаената можност за пумпање на гумите во од, во случај на нужда, при вонредни ситуации.
Како што бев информиран од колегиумот на ЕМИТЕР, покрај веќе споменатите оружје и орудија, АРМ во Скопје го претстави и специјалното возило за прва помош од типот Мерцедес, опремено со сите потребни медицински апарати за пружање прва помош и за реанимација на ранети и повредени. Покрај него, во Скопје АРМ ги претстави и повеќецевниот фрлач на гранати од типот М-63, ПЛР128 mm, со максимален домет 8600 m, лесниот транспортер “Кобра“, борбениот систем ПЛРС –122 mm, БМ-21 Град.
Секако и јас како дописник на списанието за наука и техника Емитер ја искористив можноста да ги следам активностите на припадниците на армијата и техничките средства претставени пред граѓаните на град Битола. Остварив доста контакти, како со старешини и припадници на нашата армија, така и со контигентот на Армијата на САД, вд амбасадорката на САД и други високи личности.
Секако во иднина ќе се обидам во детали да ве запознаам со орудијата и оружјето што ги користат припадниците на АРМ и на НАТО силите со кои очекуваме во иднина заедно да дејствуваме во одбраната на суверенитетот и на нашата татковина.
Инаку, како последна информација, вчера и официјално заврши заедничката вежба на полигонот Криволак. Направени се анализи за заедничкото дејствување на мултинационалните сили и поделени се признанија за најуспешните поединци. Вежбата започна од 5-ти јуни во кампот Стрела.