Рубрика: Омнибус
Тесла глобал форум – по седми пат
Автор: Ива Зафировска
Објавено на 01.07.2019 - 09:30

Тесла Глобал форум е повеќeдневен мултимедијален настан којшто веќе 7 години со ред се одржува во месец јули на повеќе локации на Фрушка Гора и во Нови Сад. Манифестацијата, што ќе започне на 2-ри јули, се одржува во чест на великанот Никола Тесла и е посветена на популаризацијата на науката, образованието, културата и духовноста. Како што појаснува Горан Матиќ, директорот на Тесла Глобал форумот, основната идеја на оваа манифестација е се поврзе ликот на Тесла со секое од местата што играле пресудна улога на неговиот живот.

Манастирот Шишатовец се појавува во животот на Тесла кога тој заболел од колера. Бил во многу тешка состојба и неговиот татко, доаѓал од Лика кај негови роднини кои живееле во манастирот Шишатовец, се молел за синот и дома носел лековита вода од манастирскиот извор.
“Разговорот што тогаш се водел помеѓу него и синот бил многу драматичен. Бидејќи Тесла го изгубил неговиот постар брат, се очекувало и тој да стане свештеник. Тој во текот на болеста побарал од татко му да вети дека ќе го пушти да студира електротехника, а татко му се согласил за атер на здравјето на синот”, објаснува Горан Марковиќ.

Втората допирна точка е ‘Матица српска’ која во тоа време за младите луѓе претставува место за собирање и извор на образованието. Матицата давала стипендии за школување и Тесла двапати конкурирал, но за жал, не поминал ниту еднаш. Но, подоцна тој станал член на ‘Матица српска’ и еден од нејзините големи донатори. Од друга страна Матицата му се оддолжила со серија на изданија, затоа што голем број книги и факти во тоа време се печателе со помош на ‘Матица српска’. По некоја случајност, во тој манастир служел внукот на Тесла, Петроније Трбовиќ, еден од најобразованите свештеници во тоа време. Бил истовремено доктор по теологија и доктор по право и помеѓу нив двајца се водела интересна преписка. Кога во лабораторијата на Тесла избил пожар, тој се наоѓал во многу лоша психичка состојба и се обратил до неговиот внук во манастирот да се моли за него.

“Фрушка Гора, пак, е поврзана со една анегдота. Тесла бил голем пријател со Јован Јовановиќ Змај и со Лаза Костиќ, и постои писмо во коешто Лаза Костиќ, му ја понудил неговата мила Ленка Дунѓерски за жена, бидејќи нејзиниот татко имал многу пари, за да не зависел од Американците. Секако, Тесла на тоа само се насмевнал. Лаза Костиќ во тоа време бил во манастирот Крушедол и оваа нивна интересна преписка е зачувана. Токму овие се причините зошто оваа манифестација се случува токму на овие локации”, вели директорот на Форумот, Горан Марковиќ.

Сите изуми на Тесла биле барем сто или двесте години пред своето време и со тек на времето Тесла ќе биде сè пожив и поприсутен во нашите животи. Во јавноста е малку познато дека Тесла практично го пронашол радиото и дека тој е таткото на модерната комуникација. Ова го потврдил и Врховниот суд на САД, но за жал, шест месеци по смртта на Тесла. Макрони е прогласен за плагијатор, ама за тоа не се знае доволно.

Затоа, меѓу останатото, добитници на најголемото признание на Форумот “Белата голубица” ќе бидат и двајца новинари, еден од Западот и еден од Истокот – Жан Кристоф Бисон од Париз, втор човек во “Фигаро”, и Владимир Соловљев, претседател на Советот на новинари во Русија.

Основата и смислата на Тесла глобал форумот се студентите. Имајќи предвид дека  голем број ученици од Математичката гимназија од Белград, од гимназијата “Јован Јовановиќ Змај” од Нови Сад и од електротехничките школи, ги продолживаат нивните студии на светските универзитети. Тие добиваат стипендии, градат кариери и остануваат таму, па организаторите на Форумот сакаат да организираат настан што ќе ги собере сите тие млади на едно место. Оваа година за учество се пријавиле деца и од Куманово, Црна Гора, Косовска Митровица, Сараево, Бања Лука, Тузла... Како што нагласуваат од организаторите: ”Од голема важност е децата што ќе останат да студираат дома и оние што ќе замината во странство, да се вмрежат и да остварат подобри контакти.”

Учесници на годинешниот Тесла глобал форум и добитници на признанието Тесла силвер коин, ќе биде и екипата на “Роботикс” од Нови Сад, кои пред некој месец го освоија првото место на меѓународниот натпревар во роботика одржан во Лион, Франција. Во склоп на Форумот ќе се одржуат низа предавања на темите механика, модерна технологија, информатика, нанотехнологија, квантна медицина, но нема да бидат заобиколени ни теми од општествените области, бидејќи Тесла бил исклучително активен и на ова поле.

Клучни зборови: