Новите состојби и времиња бараа трансформација на списанието ЕМИТЕР во поглед на организација на работата, но и на начинот на издавање. Претходните 3 години ЕМИТЕР излегуваше исклучиво во електронска форма, но по повеќе упорни барања на читателите до редакцијата, решивме да излеземе во пресрет со печатено издание на списанието. Така, веќе од минатиот број, ЕМИТЕР можеше да се набави во печатена форма – 100 страници квалитетен печат. Но за разлика од претходно, печатеното списание не се дистрибуира по трафиките, туку привилегијата на печатена “хард” копија во вашите раце ја имате само по пат на годишна претплата. Ова овозможува редакцијата точно да го планира печатениот тираж на списанието. Со тоа ќе се елиминираат дел од трошоците кои во последните години имаа значаен удел во загубите и во застојот на ЕМИТЕР, така што списанието ќе добие провеќе простор за понатамошен развој и опстојување.
Претплатата на печатеното списание на ЕМИТЕР во моментов опфаќа вкупно 4 броја годишно, со оглед на тоа што списанието засега излегува квартално, односно еден број на секои 3 месеци. Цената на еден печатен примерок (со најмалку 100 страници) изнесува 200 денари, што значи дека претплата за цела година чини 800 денари. Сите заинтересирани читатели за печатеното издание можат да ги резервираат своите примероци од следните 4 броја на ЕМИТЕР преку уплата за годишна претплата во нашата е-продавница (тука). Побрзајте бидејќи новиот број наскоро ќе излезе од печат.
Истовремено нудиме можност за набавка на печатено издание и од претходните броеви кои излегоа само како електронски изданија. Резервација на печатени изданија од овие броеви на ЕМИТЕР ќе може да се направи повторно преку нашата е-продавница (тука, тука и тука). По оваа тура на печатење на претходните електронски броеви нема да има ново допечатување, па затоа, љубители на печатениот ЕМИТЕР, побрзајте со своите резервации.
Се надеваме дека овој начин на достапност на печатеното издание (само за претплатници, спонзори и за соработници) ќе наиде на разбирање и прием од ваша страна, дека во наредните години ќе продолжите да се дружите со ЕМИТЕР и на тој начин да ја поддржувате нашата мисија на популаризирање и ширење на научната мисла и техничката култура во нашава држава. Побрзајте и резервирајте ги следните 4 броја на ЕМИТЕР (+2 стари броја гратис), преку уплата за годишна претплата на печатеното издание (или станете спонзор или редовен соработник на Емитер :-)).
Доколку, пак, сте љубител на електронското издание, имате можност за годишна претплата на електронското издание по цена од само 400 денари годишно, како најекономична опција. И конечно, најдоброто од двата света (Гутенберг & интернет) ќе го добиете со комбинирана претплата на печатеното и електронското издание. Посетете ја страницата за Претплата на нашата е-продавница (тука) и направете го својот избор.