По повод 7 годишнината од NASA Space Apps Challenge, ЊуМенс Бизнис Акцелераторот оваа година во Скопје ќе ја организира првата SPACE TECH CONVENTION .
Конвeнцијата ќе биде составена од три дела:
1. Space Conference за бизнис, технологија и иновација каде што ќе имате можност да се запознаете со претставници од најголемите вселенски агенции како и претставници од компании.
2. Едукативна изложба за вселената каде ќе бидат изложени вселенски експонати и Саем за индустријата каде што компаниите ќе имаат можност за свое претставување и B2B вмрежување.
3. NASA Space Apps Challenge за стартапи и Натпревар во моделирање на ракети за деца и млади.
Aпликациите за NASA Space Apps Challenge 2019 се отворени! Годинава учесниците ќе имаат можност да бидат менторирани и оценувани од страна на претставници на вселенските агенции, експерти од корпорации од областа, како и да ги презентираат своите решенија пред домашни и меѓународни инвеститори.
Како и секоја година, учество може да земат сите ентузијасти за Земјата и Вселената, студенти, средношколци, претприемачи, програмери, инженери, дизајнери, артисти, економисти, едукатори, доктори, архитекти.
Апликациите се пополнуваат тука
Оваа година за прв пат се организира и натпревар во ракетно моделарство кој е наменет за деца на возраст од 9 до 15 години. Апликации за овој натпревар тука