Рубрика: Електроника
За што сè се користи Raspberry Pi
Автор: Невенка Стојановска
Објавено на 13.03.2019 - 12:00

Пред утрешниот ден, прогласен за денот на Пи само поради навиката на американците одопаку да ги запишуваат датумите – 3.14 (најнапред месец, а потоа ден), Raspberry Pi ги открива резултатите од нивното глобално истражување спроведено помеѓу корисниците на овој мини-компјутер,  а коешто открива за што сè се користи “малината”.

А резултатите се следни:

• Една третина од испитаниците потврдиле дека Raspberry Pi го употребуваат во нивните лични проекти, а повеќе од една третина од инженерите го користат Raspberry Pi за проверка на нивните концепти и прототипови. Освен за ова “малината” се  употребува и во тест опрема,  за тестирање на системите и на производството.

• 34% од креаторите/иноваторите во нивните лични проекти користат исклучиво Raspberry Pi.

• Како главна причина за изборот на Raspberry Pi најчесто била наведена неговата цена, но многу блиску до оваа причина се и перформансите на уредот како и познавањето на  производот. За професионалните инженери клучен фактор при одлуката за употреба на Raspberry Pi пред сè билa леснотијата на користењето.

• За омилен додаток на Raspberry Pi помеѓу креаторите/иноваторите е прогласена камерата Pi и екранот на допир.

• Професионалните инженери во најголем дел го користат Raspberry Pi во нивните проекти од сегментот на Интернет на нештата. По ова, втора најчеста употреба е на полето на индустриската автоматизација и контрола. Во другите значајни примени влегуваат роботиката, потоа интерактивните дисплеи, како и потрошувачките апликации.

 

По повод Денот на Пи, на 14 март, компанијата Фарнел најави дека ќе понуди 10% попуст на комплетот од Raspberry Pi 3B + Starter, почнуваjќи од вечер на полноќ (00:00 h) па сè до 23:59 h на 31 март. За да го обезбедите попустот од 10%, треба да ја посетите е-продавницата на Фарнел за регионот ЕМЕА, е-продавницата Њуарк за регионот Северна Америка или е-продавницата Елемент14 за регионот APAC. При купувањето на производот треба да го употребите кодот PIDAY10.

Клучни зборови: