Десеттата итерација на SAMSUNG GALAXY S презентира нов дизајн што го надградува карактеристичниот изглед на последните две генерации. Новата генерација донесува и проширување на понудата на модели од топ-линијата со моделот Galaxy S10e. Остатокот од понудата го сочинуваат стандардниот S10 и верзијата S10+.
Стандардно за Samsung, моделите наменети за американскиот пазар се придвижувани од најновата генерација на Qualcomm Snapdragon 855 осумјадрениот процесор, во комбинација со Adreno графички чип. Моделите за Европа и за “остатокот од светот” се со новиот осумјадрен Samsung Exynos 9820, додека за графиката е задолжен Mali G68MP12.
Капацитетот на меморијата за чување податоци и удвоен во однос на S9 – сега, почетниот капацитет е 128 GB, а опција се и 256 GB кај најевтината верзија 10E, со 6 и 8 GB LPDDR4 RAM меморија. Стандардниот S10 нуди 128 и 512 GB (8 GB RAM), додека најскапиот модел 10+ нуди и 1 TB простор, со 8 или 12 GB RAM.
Новина е и тројната задна камера кај моделите S10 и S10+, додека најевтината влезница во елитниот S клуб (10e) останува со двојна, како и претходната генерација.
Останатите податоци, како и (очекувано!) астрономските цени можете да ги прочитате во приложената табела.