Рубрика: Информатика
Заврши седмото издание на Global Game Jam Macedonia
Автор: Редакција Емитер
Објавено на 29.01.2019 - 10:45

Во неделата заврши овогодишниот Global Game Jam Macedonia. Еве ги резултатите низ бројки.

Во Скопје и во Битола учество зедоа вкупно 172 учесници. Беше склопен 31 тим, а беа изработени вкупно 28 игри. Во Скопје продефилираа приближно 300 посетители за времетраењето на маратонот, со дополнителни посетители и минувачи за време на презентациите. Таа бројка во Битола се движеше над 200.

Беа дадени 5 интервјуа за интернет и во пишани медиуми, две интервјуа и гостувања на ТВ и едно интервју на радио.

Беа изедени 491 сендвич, 280 буреци и 79 пици и безброј чоколада, грицки и наполитанки (многу беа :) ). Беа испиени приближно 480 литри "кока-кола", 350 литри сок, 300 литри вода и 500 "ред-бул" лименки. Потрошени беа над 1000 чаши за кафе и вода. Се потроши 490 гигабајти интернет-сообраќај, работевме со 130 метри продолжни кабли, а се искористи 1800 метри тоалетна картија.

На огромно задоволство на организаторите, повеќе од половината учесници за првпат присусвуваа на настан од овој вид! Споредено со лани, се зголеми и бројот на девојки кои беа вклучени во продукцијата на видеоигри. Најмногу се програмираше во Unity, но и во Unreal, Construct 2, Python, Scratch, WEBGL и Game Maker. Во организацијата на настанот беа вклучени 48 луѓе.

Организатор на настанот Global Game Jam Macedonia е Македонската асоцијација за развивање игри – МАГДА

Повеќе за настанот тука и тука  

 

Клучни зборови: