Рубрика: Информатика
Евидентирање на домашните музички изданија
Автор: Ива Зафировска
Објавено на 25.12.2018 - 11:00

Сајтот Веб музички регистрар значи промоција и афирмација на членови од македонската музичка заедница (изведувачи, автори, инструменталисти, инженери на звук, продуценти, тонски сниматели и останати членови на музичката заедница).

Музиката е важен аспект во животот на луѓето. Таа придонесува за урамнотежување на емоциите, дава мотив и концентрација во ситуации кога тоа е потребно.

Визијата зад “ВБУ Музички Регистар“ е да придонесе во промената на вредносниот систем на општеството, будејќи и стимулирајќи интерес, особено кај младите луѓе, за слушање квалитетна, ангажирана музика. ВБУ Музички Регистар е иницијатива за евидентирање на домашното музичкото творештво, промоција на домашната музика, нејзина афирмација и поддршка на оние што ја создаваат.

Централна точка во која се акумулираат податоците и информациите за домашните изданија и друг вид содржина е системот видлив преку www.muzichkiregsitar.com. Сервисот овозможува промоција на домашната музичка продукција и афирмација на домашните изведувачи, композитори, продуценти, осносно на сите кои се вклучени во процесот на создавањето на музиката.

Преку сервисот може да видите информации за новите музички изданија (песни, албуми, музички компилации). Може да се видат музичките портфолија на евидентираните изведувачи и учесниците во реализација на изданијата (инструменталисти, продуценти, тонски сниматели, текстописци, композитори, музички инженери и сите оние што придонеле во реализација на содржината за музичкото издание). Дополнително како содржина има и написи, календар со настани и фотостории што раскажуваат приказни за музичките настани во кои учествуваат изведувачи и личности од домашната музичка заедница.

Клучни зборови: