Рубрика: Биологија
Првите животни на Земјата
Автор: Невенка Стојановска
Објавено на 19.10.2018 - 11:00

Морските сунѓери се помеѓу првите животински групи што еволуирале на Земјата.

Но, откритието на еден нов хемиски доказ го поместува напредокот на овој вид некаде 120 милиони години порано одошто досега се сметаше. Вака барем вели написот објавен неделава во New Scientist. Истражувачите се сомневаат дека првите животни најверојатно имале потреба да создаваат хемиски соединенија коишто им овозможувале да живеат во хармонија со бактериите и микробите што во тоа прастаро време доминирале со светот. Па така, со цел да го утврдат времето кога се појавиле првите сунѓери, научниците се пуштија во потрага по таканаречени хемиски фосили коишто претставуваат траги од стероли, стероиди со антибактериски својства. Вакви маркери од стероиди биле пронајдени во примероците од нафта и карпи земени од Оман, Сибир во Русија и во Индија. Според трудот објавен оваа недела во Nature Ecology & Evolution, староста на примероците е датирана на 660 милиони и 635 милиони години.

Клучни зборови: