Токму така, според новиот труд кој чека на објава на предпринт серверот за научни трудови arXiv, дури и месечините можат да имаат сопствени месечини.
Замислете дека нашето Сонце е нешто како торта, планетите што орбитираат околу него се нешто налик на колачиња, а месечините што орбитираат околу нив мини-колачиња? Постојат ли мини-мини-колачиња коишто орбитираат околу овие месечини. Според најновите пресметки, одговорот е ДА.
Како што беше објавено минатата недела во списанието New Scientist, научниците овие минијатурни небесни тела ги нарекоа , малку неинвентивно, “месечински месечини” или на англиски “moonmoons” .
За да останат заглавени во орбитата околу нивниот домаќин месечинските месечини треба да се наоѓаат во точно определена зона. Тие треба да се доволно блиску до месечината за да не ги привлече гравитацијата од блиската планета, а сепак и доволно далеку од домаќинот за да паднат привлечени од неговата гравитација.
Иако во нашиот Сончев систем сè уште не се забележани месечински месечини, тимот укажува дека теоретски кандидати за домаќини на вакви небесни тела има, почнувајќи од нашата мила и блиска Месечина, преку Јупитеровата месечина Калисто, па сè до Сатурновите месечини Титан и Јапет.