Рубрика: Биологија
Ин-витро размножување за коралите
Автор: Невенка Стојановска
Објавено на 08.10.2018 - 11:30

Американската истражувачка организација SECORE, лоцирана во САД, се бори за  подобрување на здравјето на коралните гребени на светско ниво. Но, нивниот избор за начинот на којшто сакаат да го подобрат здравјето на коралите драстично се разликува од класичниот пристап на организациите посветени на зачувување на овие екосистеми, толку чувствителни на климатските промени.

Самиот на акроним на организацијата го издаваа и начинот на којшто тие сакаат да ја подобрат состојбата на коралите. SECORE, sexual coral reproduction односно сексуална репродукција на коралот спроведува и финансиски ги поддржува истражувањата чијашто цел е зголемување на масата на новосоздадени корали.

Во видеото што го споделуваме со вас океанскиот биолог Валери Чејмберленд, стационирана во Куракао, покажува како таа и нејзините колеги работат на еден вид ин-витро оплодување за коралите како метод за подобрување на нивниот репродуктивен успех.

 

* За тие што не го владеат англискиот јазик, каналот нуди опција за автоматски, машински превод на видеото. Процедурата за вклучување е следна – кликнете врз иконата Settings (запченикот во долниот десен агол) и изберете ја опцијата Subtitles/CC. По ова изберете Auto-translate и од листата со понудени јазици изберете Macedonian.

Како да одгледаш бебе од корал
Клучни зборови: