Рубрика: Астрономија и астронаутика
Дали новооткриениот свет на работ од Сончевиот систем укажува на присуство на Деветта планета
Автор: Невенка Стојановска
Објавено на 03.10.2018 - 13:45

Местото на новооткриената џуџеста планета во Сончевиот систем

На работ од Сончевиот Систем, зад Плутон, се чини дека врие од низа малечки светови. Новата џуџеста планета потврдено има најоддалечена орбитална патека забележана досега. Нејзината оддалеченост од Сонцето е 2300 пати поголема од оддалеченоста на Земјата од него. На планетата со тривијална ознака 2015 TG387, но со многу поинтересен прекар “Гоблин”, и се потребни цели 40000 години за една револуција околу Сонцето.

Откритието на џуџестата планета со пречник од едвам 300 километри се должи на чиста среќа. Имено, за време на 99% од нејзиното патување околу Сонцето планетата би била премногу бледа за да биде забележана. Но, со помош на 8 метарскиот телескоп Субару на Хаваите, астрономите успеале за првпат да ја забележат некаде кон крајот на октомври 2015 година, кога планетата била најблиску до Сонцето. Гоблин сега и се придружи на малата група ектремни објекти од Сончевиот систем чиишто орбити, кои се надвор од гравитацискиот досег на Уран и Нептун, укажуваат на можно гравитациско дејство од долго хипотетизираната, но сè уште незабележана, Деветта планета, за која се смета дека се крие некаде на маргините од Сончевиот систем.

Истражувањето е  достапно на предпринт серверот за научни трудови arXiv.

Клучни зборови:
Местото на новооткриената џуџеста планета во Сончевиот систем

Местото на новооткриената џуџеста планета во Сончевиот систем (АЕ = астрономска едниница)

Орбиталната патека на планетата со прекар Гоблин

Потврдената орбитална патека на планетата со прекар Гоблин е најоддалечена од Сонцето

Набљудувањата со телескопот Субару 8 што доведоа до откривање на новата џуџеста планета

Набљудувањата со телескопот Субару 8 што доведоа до откривање на новата џуџеста планета