Рубрика: Биологија
Пчелите формираат “паметни” роеви (видео)
Автор: Невенка Стојановска
Објавено на 19.09.2018 - 12:00

Роевите пчели знаат да создадат чудесни, големи, речиси цврсти форми што висат од дрвата, а кои се состојат исклучиво од пчели. Тимот истражувачи проучувал како овие структури успеваат да се одржат под влијание на некоја надворешна сила, како што е на пример нишањето на гранката при ветер. Тие правеле повеќе набљудувања на роеви од пчели, кои биле нишани и во хоризонтална и во вертикална насока, но биле правени и компјутерски симулации за однесувањето на компактниот рој што стои “закачен” за цврста површина.

Тие откриле дека оваа структура, во чијашто основа може да се препознае принципот на одржување на суперорганизам, има тенденција да ја менува формата под дејство на надворешните влијанија, со цел да се задржи стабилноста на структурата и да се компензира влијанието на надворешниот механички товар на секоја од пчелите поединечно. Овој паметен одговор е резултат на тоа што секоја од пчелите следи некои правила на однесување, нешто налик на интелигентно однесување.

Трудот е објавен деновиве во Nature Physics. 

 

* За тие што не го владеат англискиот јазик, каналот нуди опција за автоматски, машински превод на видеото. Процедурата за вклучување е следна – кликнете врз иконата Settings (запченикот во долниот десен агол) и изберете ја опцијата Subtitles/CC. По ова изберете Auto-translate и од листата со понудени јазици изберете Macedonian.

Нишање на компактниот рој пчели - физика на живите организми
Клучни зборови: