Со генетско тестирање може да се предвиди дали клучната артерија станала зголемена и ослабена.
Со комбинација на податоците добиени при секвенционирање на геномот и електронските здравствени податоци, би можеле навремено да се откријат луѓето кои припаѓаат на ризичната група подложна за равој на аневризма на стомачната аорта, којашто е главна артерија во телото.
Познато е дека генетските фактори придонесуваат за ризикот од аневризма на стомачната аорта, чувствително испапчување на долниот дел од аортата. Но условите за настанок на ова нарушување се комплексни и тешки за испитување. Филип Цао и Мајкл Снајдер од Универзитетот Стенфорд во Калифорнија го секвенционираа геномот на 268 луѓе со оваа состојба и на 133 луѓе земени како контролни субјекти. За вкрстена анализа на генетските податоци и информациите добиени од записите на електронското здравство (како, на пример, нивото на холестерол кај испитаниците), истражувачите се послужиле со методот на машинско учење. Моделот којшто се заснова на вкрстена употреба на податоци од двата извора успеа да даде мошне точни предвидувања за тоа дали обработените примероци доаѓаат од личност што страда од оваа состојба или не.
Генетската анализа посочи 60 гени со поголеми изгледи да бидат носители на мутациите кај луѓето со аневризма на стомачната аорта споредено со оние од контролната група. Овие гени биле многу поприсутни кај луѓето носители на оваа болест отколку кај здравите луѓе.
Резултатите од истражувањето се објавени овој месец, во Cell.