Тропските циклони се познати под повеќе имиња – урагани, тајфуни, циклони. Ветриштата во ураганот, особено оние во близина на окото на ураганот, се најсилните на планетава. Но, како настануваат овие моќни бури? Поедноставено објаснување е дека ураганите се формираат во тропските региони, кога топлиот, влажен воздух се издига над океанот и формира облаци.
Но, механизмите на формирање на тропските циклони, како што можете да забележите од приложените видеа, се нешто покомплицирани :)
* За тие што не го владеат англискиот јазик, каналот нуди опција за автоматски, машински превод на видеото. Процедурата за вклучување е следна – кликнете врз иконата Settings (запченикот во долниот десен агол) и изберете ја опцијата Subtitles/CC. По ова, изберете Auto-translate и од листата со понудени јазици изберете Macedonian.