Во последно време, и во Македонија се следи трендот на поставување системи со коишто индивидуалните објекти ќе бидат независни во своето функционирање.
Во населбата Илинден, во двор на индивидуален резиденцијален објект фирмата Сието повторно постави самостоечки фотонапонски On-grid систем, којшто задоволува 60% од потребите на објектот за електрично напојување. Системот е со инсталирана моќност од 1140 W, а произведената струја се користи воглавно за напојување на белата техника и за работа на разладните уреди. Системот е едноставен и се состои од 4 PV панели (Heckert Solar, Германија) од по 285 W (вкупно 1140 W), 1 микро инвертор 1200W (СИЕТО, Македонија) и метална носечка конструкција за 4 панели (СИЕТО, Македонија).