Еден домашен експериментатор бара одговори на прашањето како живата реагира со некои метали. Кога живата се меша со алуминиум, се формира легура позната како амалгам. Алуминиумот вообичаено е заштитен со дебел слој од алуминиум оксид. Но, кога тој слој ќе се отстрани, се случуваат “чудни” работи.
Видеото подолу дава зашеметувачка слика на хемиската реакција меѓу капка жива и парче алуминиум.
* За тие што не го владеат англискиот јазик, каналот нуди опција за автоматски, машински превод на видеото. Процедурата за вклучување е следна – кликнете врз иконата Settings (запченикот во долниот десен агол) и изберете ја опцијата Subtitles/CC. По ова изберете Auto-translate и од листата со понудени јазици изберете Macedonian.