Обидот на грабливецот да го зграпчи пленот во саваната претставува борба за опстанок. Лавот и гепардот се едни од животните со најдобра атлетска градба на планетава. Но, силата и брзината не се секогаш пресудни.
Со прецизно мерење на движењата на грабливецот и на пленот за време на ловот, научниците успеале да ја моделираат оптималната стратегија и на ловецот и на пленот. На овој начин на виделина излегуваат сите ситни детали од еволуциската борба за опстанок и животинската “трка во вооружување”.
* За тие што не го владеат англискиот јазик, каналот нуди опција за автоматски, машински превод на видеото. Процедурата за вклучување е следна – кликнете врз иконата Settings (запченикот во долниот десен агол) и изберете ја опцијата Subtitles/CC. По ова изберете Auto-translate и од листата со понудени јазици изберете Macedonian.