Во автомобилските кругови кружи една легенда која вели дека она што не му успеало да го реализира (направи) Мерцедес, истото тоа му успеало на Ауди. Не е далеку од вистината оваа легенда која е олицворение на иноваторската и технолошката моќ на овај прочуен германски автомобилски бренд пар екселанс. Имено, Ауди може да се пофали со извонреден прототип на амортизирачки механизам наменет за своите возила кој кинетичката енергија на автомобилот при неговата амортизација ја претвора во електрична енергија. Елеганција, нема што.
Класичните амортизери т.е. стандардните хидраулични пригушувачи кинетичката енергија ја претвораат во топлина и така таа неповратно се расипува во околината. eRot системот врши повраток на кинетичката енергија и ја претвора во електрична, што потоа се складира во 48 V акумулатор и се користи по потреба. Се работи за систем на лостови кој го погонува преносниот механизам. Осцилаторната аглова ротација со прескочен механизам се претвора во еднонасочна испрекината (или континуирана) ротација којашто го погонува алтернаторот кој произведува струја (види слика). Не се работи за некоја голема количина на електрична енергија. Поточно, моќноста е од ред на големина 3 W па нагоре (не е прецизирано под кои услови и за која раздалеченост се однесува податоков). Заштедата на гориво би била до 0,7 литри на 100 километри, а намалената емисија на CO2 изнесува 2,66 грама на поминат километар.
eROT системот (electromechanical rotary dampers) е наменет за хибридниот модел на Ауди crossover Q6. Значајно е што со помошта на овој систем лесно ќе може по желба да се нагодува и крутоста на амортизацијата во дијапазон од исклучително спортско возење, па сè до меко возење.