Се чини дека секој сака да биде што посреќен, а потрагата по среќа како потреба е вткаена длабоко во нашата перцепција за животот. Но, според авторите трудот објавен во ревијата на Association for Psychological Science, дури и среќата може да има темна страна. Тие велат дека среќата не треба да се гледа како универзално добра работа. Имено, сите видови и степени на среќа не се подеднакво добри, а дури и процесот на потрага по среќа може да ги направи луѓето да се чувствуваат полошо.
Луѓето кои сакаат да бидат среќни можат да изберат различни книги кои ќе им помогнат да го направат тоа. Меѓутоа, поставувањето на среќата како цел може да има ефект спротивен од очекувањата. Истражувањата покажале дека луѓето кои се залагаат за среќа, како крајна цел, може да завршат полошо отколку кога почнале, а тоа е една од многуте недостатоци на среќата.
Техниките коишто често се предложени за постигнување на сопствената среќа не се нужно лоши, како на пример, одвојување време секој ден за да се размислува за работи што нè прават среќни и на кои сме благодарни или поставување ситуации кои најверојатно ќе нè направат среќни. Но, кога се работи исклучиво со мотивација или очекување дека овие работи треба да нè направат среќни, тоа може да доведе до разочарување и до намалување на среќата.
Едно друго истражување посочува пак дека кога луѓето не завршуваат среќни како што очекувале, нивното чувство на неуспех може да предизвика да се чувствуваат уште полошо.
Премногу среќа исто така може да биде проблем. Истражувањето кое ги следело децата од 1920 година до нивната старост открила дека оние кои починале млади биле оценети како многу весели од страна на нивните наставници.
Истражувачите откриле дека луѓето што се чувствуваат екстремно среќни не чувствуваат потреба за креативно размислување и, исто така, имаат тенденција повеќе да ризикуваат. На пример, луѓето кои имаат манија, како што е биполарното растројство, на пример, имаат повисок степен на позитивни емоции коишто можат да ги доведат до преземање ризик, како злоупотреба на дрога, премногу брзо возење или, пак, трошење на нивните животни заштеди. Но, дури и за луѓе кои немаат психијатриско нарушување, премногу високиот степен на среќа може да биде лош.
Посебен проблем е несоодветното чувство на среќа. Очигледно не е здраво да се чувствувате среќни кога ќе видите дека некој како плаче поради загуба на некој близок или кога ќе слушнете дека некој ваш пријател е повреден во сообраќајна несреќа. Сепак, истражувањата покажале дека ова несоодветно чувство на среќа, исто така, се јавува кај луѓето со манија. Среќата може да е знак за слаба реакција на негативните емоции кои имаат свое место во животот, исто како позитивните. Стравот може да ве задржи подалеку од преземање непотребни ризици, а вината може да ви помогне, потсетувајќи ве да се однесувате добро кон другите.
Психолозите откриле што се појавува како реално зголемување на среќата. Најсилен показател на среќата не се парите или надворешното признавање преку успехот или славата, туку поседувањето на смисол за социјалните односи. Ова значи дека најдобар начин да ја зголемите вашата среќа е да престанете да се грижите за тоа како да бидете среќни и наместо тоа да ја пренасочите својата енергија за негување на социјалните односи кои ги имате со другите луѓе.