Додека чекаме да бидат донесени подзаконските акти на новиот Закон за енергетика, со коишто ќе се дефинираат условите за мрежно мерење (net-metering), можно е да се поставуваат само мали on-grid системи, коишто се синхронизирани со мрежата на ЕВН. Во практиката, ова значи поставување помали системи коишто ќе задоволат 40 – 60% од потрошувачката на објектот и коишто нема да произведуваат вишоци струја.
Фирмата СИЕТО монтираше ваков мал on-grid фотонапонски систем на индивидуален резиденцијален објект, поточно на настрешницата од паркинг-просторот во дворот. Системот е со моќност од 1200 W, а се состои од 4 фотонапонски (PV) панели – производство на Heckert Solar од Германија секој со капацитет од по 285 W (вкупно 1140 W) – еден микроинвертор од 1200W во изведба на СИЕТО, Македонија, како и метална носечка конструкција за панелите, исто така во изведба на СИЕТО. Монтажата на системот беше направена минатиот месец. Произведената струја се користи воглавно за напојување на пумпите од базенот и за работа на разладните уреди во куќата.
-- комерцијален напис --