Најнова глупост: “Крајот на светот ќе се случи на 24 јуни 2018”
Авторот на оваа најнова завера е извесен Матје Жан-Марк Жозе Родриг (Mathieu Jean-Marc Joseph Rodrigue). Тој тврди дека “го открил најновиот датум за крајот на светот од еден пасус од Библијата во делот Откровение, во којшто тој датум бил скриен, меѓутоа датумот можел да се открие само со интелигентен настап”.
Па, прочитајте го неговиот “интелигентен пристап” со којшто тој го “открил” датумот за крајот на светот: Според Тhe Daily Star, “тој слушнал некој глас којшто му кажал да поврзе некои 24 наведени месеци со бројот 666, симбол на морското чудовиште со 7 глави и 10 рога, коешто повремено изнурнува од морето, за да го осознае датумот за крајот на светот. ” Тоа и го направил и го добил датумот 24 јуни 2018 година.
Да, прочитавте и сами, се работи за екстремно наивно-глупава измислица, којашто може да конкурира за влез во Гинисовата книга на рекорди како рекордна глупост! Излишно е на таква глупост да се трошат повеќе зборови и време, па затоа тука и ќе завршиме.