Нема шега: германскиот гигант на сериски спортски автомобили Порше со новиот прототип Mission E, на голема врата влегува во врвот на светската понуда на спортски електрични автомобили. Во моментов, единствен негов конкурент е американскиот Tesla Model S.
На сликите се гледа модерниот надворешен дизајн. И убедлив е во секој случај. Ентериерот, пак, е со ултрамодерен дизајн, во минималистички стил. Само еден детаљ за него: има сензор којшто го следи погледот на очите на возачот и оној дисплеј врз којшто очите ќе се задржат моментално се нагласува за да може колку што е можно полесно да се прочита податокот што го покажува (значи оној податок кој моментално е од интерес за возачот).
А сега, неколку интересни податоци за погонот. Погонот е на сите четири тркала. Вкупната моќност на електромоторите е 670 КС, од кои само на предните тркала отпаѓаат 215 КС, со број на вртежи на електромоторот од 16 000 во минута и константен вртлив момент од 300 Nm, а краткотрајно може да се оптовари и на 440 Nm вртлив момент. Основен е задниот погон и за него е задолжен електромотор со силина од 322 КС и вртежен момент од 340 Nm, а краткотрајно може да испорача силина од 429 КС и вртежен момент од 550 Nm. Задниот диференцијал има заштита од пролизгување на тркалата. Максималната брзина е ограничена на 250 km/h (тоа е џентлменски договор за висината на максималната брзина на германските производители на автомобили). Забрзувањето од 0 до 100 km/h е за 3,5 секунди (се однесува за најјаката верзија).
Со едно полнење на батериите ќе може да помине 500 km. Брзото полнење трае 15 минути и со него може да се наполни дури до 80% од капацитетот на батериите.
Продажната цена е поставена на 75 000,00 американски долари и е за точно 10 000,00 долари пониска од првично проценетата од менаџерите во Порше. Инаку, ова е одговорот на Порше за иднината на спортските електрични автомобили, во смисла на нивните максимални перформанси. Вистински чистокрвен Порше спортски автомобил. Нема сомневање во тоа. Впрочем, сликите покажуваат многу повеќе од она што јас можм да го искажам со зборови. Уживајте во ултрамодерното електрично Порше прикажано на сликите подолу.
НАПОМЕНА: Задолжително погледајте го 5-минутното клипче каде е претставен процесот на проектирање на ова извонредно спортско електрично возило.