1. Океаните содржат доволно сол да ги прекријат сите континенти со слој длабок 150m.
2. Меѓуѕвездениот облак со гас – Сагитариус Б содржи 1 000 000 000 000 000 000 литри алкохол. (Нам само ни останува да донесеме салата !?!)
3. Поларните мечки трчаат 40 km/h и можат да скокнат речиси 2m во височина. Нема спас!
4. Пред околу 65 милиони години се родил заедничкиот предок на човекот и делфинот.
5. Поларните мечки речиси се невидливи за инфрацрвените камери, бидејќи многу малку оддаваат топлина во околината.
6. Во својот живот еден човек ненамерно проголтува околу 30 000 инсекти.
7. Едно единствено стебило на 'рж може да разграни до 600-километарска мрежа на корени.
8. Температурата на површината на Меркур е преку 430°C дење, а ноќе може да падне на -180°C.
9. Од еден голем даб секој ден испаруваат од 30 до 90 литри вода.
10. На пеперутките чувството на вкус им е сместено во нивните задни нозе. Значи, тие со допир одредуваат дали некој цвет е за “јадење”.