Скенирањето на работата на мозокот вообичаено се прави со помош на електромагнетна резонанца. Скенерите од овој тип се со навистина големи и при нивна употреба потребно е пациентот да биде потполно мирен и неподвижен. Ова си има свои недостатоци при нивна употреба кај деца или пак кај пациенти коишто имаат потреба да се движат почесто.
Со цел ова да се надмине, група научници работат на развој на “преносен” скенер со мали димензии, што многу лесно се става на главата. При негова употреба пациентот може да се движи и извршува повеќе заадачи со што полесно се идентификуваат и мозочните региони што се активираат и се вклучени во работата.