Врвна технологија и мноштво впрегнати роботи. Потребно е тие да се испрограмираат и да се оптимизираат, а тоа е нов интересен техничко-технолошки предизвик во модерното производство. Совршенство од секој аспект и во секој детаљ. Нема место за недефинирани делници, а за празни одови не може да стане збор. Какво совршенство! Гледајте и уживајте.
Вака изгледа едно модерно сериско производство што испорачува задоволство за сите: ниска цена на чинење што повлекува голем профит за производителот, а купувачот добива врвен квалитет по поднослива цена. Дали целта е постигната? Делумно. Трошоците уште треба да опаѓаат, а квалитетот уште треба да расте! До кога ќе трае таа трка? Вечно, додека има производство на планетава Земја. Прикаската е штотуку започната.
Како се изработува Porsche 911 можете да видите од видео прилогот подолу.