Денешното темпо на живот е застрашувачко. Животот на современиот човек е претворен во луда трка во која победува најбрзиот, најсилниот и не секогаш најумниот и најстручниот. Постои тензија која не можат сите да ја издржат. Како резултат на сето ова многу луѓе страдаат од стрес, а постепеното акумулирање на стрес во човечкиот организам, доведува до паѓање на системот, до нервен слом.
Што е нервниот слом?
Нервниот слом всушност, е, психолошка одбрана од насобраните лоши и болни сеќавања и емоции кои водат кон дезинтеграција на психолошкото нормално функционирање. Нервниот слом е деструктивен феномен, бидејќи нешто кај човекот се урнува, се крши, а позитивни придобивки од него нема. Мали нивоа на стрес и турбулентните психички случувања понекогаш можат да бидат вовед во креативна и здрава состојба, но кај нервниот слом тоа не е случај.
Кои се симптомите на нервениот слом?
Како да препознаете дека на вас или на некој близок му се заканува нервен слом? Психијатрите укажуваат на 10 основни симптоми кои се прилично сигурни показатели:
1. Чувство на хроничен замор и слабост.
2. Добронамерните совети од страна на колегите или блиските предизвикуваат лутина и бес.
3. Луѓето на раб на нервен слом се склони кон самокритичност и се обвинуваат себеси за секоја ситуација.
4. Претерана нервоза предизвикана без сериозна причина.
5. Чувство дека ве опкружуваат само непријатели и немате можност каде да се скриете.
6. Чувство дека сите ве навредуваат и ви мислат лошо.
7. Силни главоболки и лошо варење на храната,
8. Несоница и депресија.
9. Чувството на беспомошност.
10. Губење на тежината и лош апетит.
Како да се превенира?
Прва превентива и заштита од нервниот слом се добрите и топлите односи во семејството и со околината. Да се сака тоа што се има, а да не се посакува нереалното. Мудро да се планира како да се живее со помало ниво на стрес, бидејќи стресот не може целосно да се елиминира. Ако дојде до нервен слом, тогаш најбитна е комбинацијата од лекови и психотерапии. Ќе помогнат и петте мудри совети на Тибетанците:
• Ослободи го срцето од омраза и завист;
• Не мисли постојано на грижите и проблемите;
• Живеј едноставно;
• Дарувај и давај: добрина, љубезност и насмевка;
• Не очекувај премногу од никого, од животот...