Првиот ден од пролетта, кој оваа година паѓа денес 20 март официјално е тука. Овој ден е познат и како пролетна рамноденица и ово настан речиси секогаш е резервиран за 20 или 21 март.
Првиот ден од пролетта е единственото време од годината кога сонцето се крева на точно на исток и заоѓа точно на запад за сите во светот. Ова е и единствениот период во секоја година кога наклонот на Земјата е нула во однос на нашето сонце. Ова значи дека сонцето поминува точно над рамнината на екваторот на Земјата, со што ноќта и денот имаат приближно еднакви должини низ целиот свет. На овој ден двете полусфери на Земјата добиваат еднаква количина на сончева светлина.
Датумот на пролетната рамноденица се менува секоја година, бидејќи се одредува со времето на преминот на сонцето над Земјиниот екватор, што пак зависи од неколку фактори.
Орбитата на Земјата постојано се менува во однос на сонцето, додека во исто време гравитацијата на другите планети влијае на локацијата на Земјата во вселената. Овие физички влијанија, заедно со фактот дека секоја календарска година нема ист број денови (да, тука мислиме на престапните години), влијаат на тоа датумот на првиот ден на пролетта да варира од година во година.
Пролетната рамноденица на јужната хемисфера се случува во спротивно време од годината, додека кај нас, на северната хемисфера, се случува есенската рамноденица.