Предновогодишни ноемвриски попусти - огромни 25% попуст на овие 2 модели од германскиот производител Thorens. Видете ги и другите актуелни попусти во Алфа Аудио, на следниов линк
Грамофоните и репродукцијата на грамофонските плочи се најдобар пример на применета прецизна механика. За правилна репродукција на грамфонските плочи неопходна е стабилна брзина на грамофонскиот диск, отсуство на вибрации и шум од моторот и одлична изолација од надворешните вибрации, звуци и шумови. Тоа е можно само ако сите витални делови на грамофонот се изработени со многу мали толеранции. На пример, лежиштето на дискот и врвот на неговата осовина на која тој ротира мора да се изработени од вистинските материјали, со совршено правилна и мазна површина, да нема „гребење“ и внесување на механички шум во репродукцијата. Моторот и неговата осовина, заедно со лежиштата исто не смее да внесува сопствени шумови, а освен тоа мора да има стабилна брзина и доволна моќност да го покренува дискот. Како преносник меѓу моторот и дискот најчесто се користи гумена лента која дополнително ги пригушува сите несакани вибрации. Понатаму, грамофонската рачка е таа која по следот на работите ја презема одговорноста за беспрекорно механичко функционирање, повторно поткрепено со особено висока прецизност на изработката.
Како што гледате, грамофонот е холистички осмислен склоп од многу прецизно изработени склопови кои унисоно функционираат. А кој подобро би изработил уред што зависи од прецизно узработени делови, ако не Швајцарците? Швајцарија е светско седиште на индустријата на механички часовници, која е најсовршен пример за прецизно изработени уреди, но помалку е познато дека неколку звучни имиња од светската аудио индустрија се исто така швајцарски. Веројатно дека на светов не постои подобро педигре за фирма за грамофони од швајцарскиот Thorens – фирма која започнала со производство на музички кутии и механизми за часовници во далечната 1883 година, а веќе од 115 години произведува грамофони! Значајно е тоа што речиси сите модели на грамофоните на Thorens константно се на првите места на топ-листите на тестираните модели во сите светски Hi-Fi списанија.
Во последно време грамофоните доживуваат вистинска ренесанса, грамофонските плочи повторно се произведуваат и тоа со највисок квалитет (180-грамски винил), па затоа е вистинско веме да размислите за купување на (нај)квалитетен грамофон. Тука како порачан доаѓа сезонскиот голем попуст на сите модели на Thorens грамофоните кај ексклузивниот македонски застапник Алфа Аудио во трговскиот центар Капиштец, локал 12. Контакт телефон (02) 320 9 320, или посетете ја нивната веб-страница на следниов линк
комерцијална презентација